Подгответе ги шамивчињата, особено оние кои имаат алергија на поленов прав. Според докторката која е задолжена за следење на бројот на полен во областа на Чикаго, ова може да биде брутална сезона на алергии оваа пролет и лето.
Д-р Рача Шах, која собира примероци од полен на покривот од Gottlieb Memorial Hospital во Мелрос Парк, Илиноис, изјави дека моментално нивоата на полен и мувла се ниски, и дека растенијата штотуку почнаа да растат.
Оваа институција е единствената установа за испитување на полен во воздухот, која е сертифицирана од страна на Американската академија за алергија, астма и имонологија. Поленот на дрвото е првиот алерген кој се открива на почетокот на пролетта, потоа доаѓаат поленот од тревата и плевели, кои опрашуваат кон крајот на летото, односно на почетокот на месец Септември. Мувлата се појавува во поголеми количини најчесто кога времето е влажно, а тоа е кон крајот на летото.
,, Бидејки температурите секојдневно варираат од ладно на топло, распоредот за опрашувње на природата доцни” – рече Шах. Постои веројатнот, поленот од неколку места, да се шири во околината околу Чикаго од прилика во исто време.
Климатските промени веќе почнаа да го нарушуваат животот во регионот на Great Lakes – а тоа само ќе се влоши.
,,Ова е природа и реагира на временските услови што ќе донесат”– рече таа. Дрвјата реагираат на временските промени. Постојат предизвикувачи кој дрвјата ги одредуваат кога да почнат да се опрашуваат и да се развиват.
Дрвата кои предизвикуваат полен во раната пролет се даб, јавор, бука и памук.
Со машината таа собира примероци и одредува колку полен има во воздухот за период од 24 часа. Институцијата започнува со испитувањето на почетокот во Април, и го прави тоа секое утро, а резултатите можат да се погледнат на нивниот вебсајт или преку телефон.
Д-р Шах рече дека ги предупредила своите пациенти да бидат свесни за специфичните алергени кој се почести овој период и препорачува пациентите со алергија на полен да се лекуваат од страна на медицинско лице.
Доколку се тестирате и дознате на што сте алергични, процесот на лекување ќе е успешен и пократок.
,,На пример ако ги имате симптомите на алергија кон крајот на летото, многу е логично дека вие сте алергични или сензитивни на мувла”. – рече таа.
Како да се заштитиме од поленовата алергија?
,,Кога сезоната на алергии е активна, заболените треба да ги ограничат отварањата на прозори во раните утрински часови, кога бројот на полен е повисок”. – рече Шах.
Што е алергија?
Алергија е преосетливост на некои супстанции кои кога ги вдишуваме, доаѓаме во контакт со нив или ги внесуваме преку храна, додека алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанции. По контактот со тие супстанции доаѓа до реакција помеѓу туѓите тела – алергените и сопствените тела – антитела.
Aлергијата од поленов прав се манифестира преку симптоми како: Кивање, течна секреција од носот, чешање или боцкање во очите, носот или во грлото, зацрвенети очи, солзење на очите, темни кругови околу очите, кашлање.
Како да препознаеме дали станува збор за обична настинка или за алергиска?
– Едноставно, обичната настинка трае приближно една недела, проследена е главно со температура и се јавува во студените месеци од годината. Алергиската настинка се јавува на пролет и трае со недели или со месеци, речиси никогаш не е проследена со температура, а проблемите се обично зголемени во определен дел од денот