Месец Јуни, конечно топло и пријатно време во нашиот ладен Чикаго. И како да сме се пробудиле од долг зимски сон, одеднаш се разгорува потребата да бидеме што повеќе надвор и да ги апсорбираме топлите сончеви зраци. Летото е на повидок, а со тоа и летните шеми по безбројните Чикашки кафулиња и ресторани. Се отвара сезоната на летни коктели, позитивни вибрации и многу, многу сонце!
Затоа во оваа Јунско издание на Macedonian Social би сакала да споделам со Вас ресторант кој нема да ве остави рамнодушни доколку би го посетиле. Станува збор за “Beatnik on the River” лоциран на 180 North Upper Wacker Dr, Chicago, IL 60606.
Ресторантот е инспириран од стилот на Бит Генерацијата во педесетите и шеесетите, како и од Боемските хипстери.
“Beatnik on the River” е спој од детали како Индонезиски дневни кревети украсени со многу перничиња, персиски теписи, Морокански фенери, рачно обоени плочки и бујно зеленило по плафонот и ѕидовите.
На самиот влез на овој ресторан се наоѓа просторијата со шанк и бар каде ќе бидете пречекани од љубезните хостеси кои ќе ве однесат до вашата резервирана маса. Првиот впечаток ќе ве натера да се чуствувате како да влегувате во некој Италијански или Марокански објект. Потоа следува најубавото – погледот. Огромните прозорци ви овозможуваат прекрасна глетка на реката Чикаго. Несекојдневниот избор на седишта за ресторант, ви овозможуваат мирис на дом и удобност покрај стотици украсни перничиња.
Секој внимателно одбран детаљ во овој ресторант како и услугата ќе ве воодушеви и ќе направи да се чувствувате пријатно и секогаш добредојдено.
Менито нуди храна со состојки од Азија, Мексико, Средниот Исток и Јужна Америка. Големината на порциите се од мали до фамилијарни. Коктелите се уникатни комбинации од состојки, со доста убав и несекојдневен вкус. За оние кои не сакаат многу да експириментираат со пијалокот можат да изберат од многу претпазливо избрана листа на црвени, розе и бели вина. Вината доаѓаат од нови вински региони или земји, кои не одгледуваат квалитетна сорта на грозје. Интересен податок е тоа што повеќе пати член од тимот на Беатник ги посетил винариите и земјоделците лично, пред да бидат одбрани и ставени на листата за вина. Бидејки тие самите како тим ги обожавале вината да ги пијат во комбинација со некој специјалитет направен од страна на куварот. Листата на десерти е доста кратка, но несекојдневна.
Претходната летна сезона имаше привремена тераса покрај кејот на реката која беше затворена во Октомври, но од почетокот на оваа година ресторантот се отвори и на затворено. Овогодинешната тераса може да се изнајми и за приватен настан, а исто така внатре имаат гостинска соба која служи за приватна забава. Ресторантот е продолжение од веќе постоечкиот ресторант “Beatnik” кој се наоѓа на западниот дел од Чикаго. Најголема посетеност има за вечера, после 6 попладне, а на викендите и за бранч.
Тања Стојкова