,,Исцелител” е филм за механичар од железничко депо, кој немајќи пари да му купи лекови му дава на татко му колач направен од украдената марихуана во еден од вагоните на возот, за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кој си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж за живот, односно исцелител.
Премиерно во киното ,,Landmark’s Century Center” во Чикаго, македонскиот филм Исцелител во режија на Ѓорче Ставревски беше прикажан минатиот месец во организација на УМД. Посетеноста на филмот беше доста голема, што укажува на тоа дека ние македонците сме овде да го подржиме нашето и охрабриме за уште повеќе вакви проекции.
Според зборовите на режисерот Ставрески, филмот бил создаден во долг временски период од првите напишани зборови во сценариото во 2010, па до премиерата на филмот поминале речиси седум години. Првите три верзии на сценариото биле напишани како семејна драма, но откако Ставрески во меѓувреме го изработил краткиот комичен филм Скопски Љубовџии во рамки на омнибусот Скопје Ремикс(2012), се предомислил и го напишал како црна комедија.
Hа самиот почетокот бил скептичен како ќе го прифати македонската публика бидејки сеуште канабисот или марихуаната е табу тема, и постарата генерација како што тој вели сеуште не е запознаена од бенефитите на тајната состојка на М. Филмот бил замислен да биде една критика на едно македонско општество и става акцент на растуреното здравство во Македонија.
Исцелител е направен со 460 000 € од кој 300 000 € се од Македонската филмска агенција, остатокот се средства од грчкиот филмски центар, сопствени пари и заштедени пари од мајка му на Ѓорче. Филмот се снимал 36 дена. Снимањето било глатко и без никакви промени во сценариото.
За прв пат премиерата била на 9ти Ноември 2017 на Солунскиот филмски фестивал во рамките на програмата “Balkan Survey” каде се закитува со награда од публиката, а воедно станува и прв македонски филм кој бил награден на Солунскиот фестивал. Ѓорче не очекувал толку голем успех, бидејки ова му е првенче. Уживал во долгиот аплауз кој го добил на првата проекција и со насолзени очи ја замолил публиката да престане.
Потоа следуваат низа награди кој се од значаен карактер кои доаѓаат надвор од земјата, што преставува голем успех за самиот режисер но и за македонскиот народ. Исто така филмот се прикажуваше и на натпреварувачката програма на СЕЕ ФЕСТ во Лос Анџелес, САД.
По Кливленд, Минеаполис и Санта Барбара, ова е четврти фестивал во САД на кој учествувал ,,Исцелител”. На фестивалот во Санта Барбара, македонската црна комедија ја освои наградата за најдобар филм. Филмот,,Исцелител” исто така се бореше за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за 2019 година, но за жал не успеа да ја земе наградата.
,,Исцелител”се закити со уште една награда!
На фестивалот во Феникс го освои второто место од публиката во селекцијата на културната дипломатија.Честитки на актерите и екипата! Ова е 17-та интернационална награда за филмот за неполни година ипол. – напиша Ставрески на твитер.
Публиката во Чикако се смееше на хуморот, се плашеше за главниот јунак но и навиваа за среќен крај. Но во целина сите беа задоволни, горди и насмеани што Македонија може да се пофали со една ваква филмска проекција.
Како што рече Весна една од посетителите на филмот: Ме пренесе во скопското маало, низ скопските улици, ЈСП, градски парк, кеј, железничка, автентично семејство, стан, амбиент, жаргон…ми го врати нашето навидум сивило меѓутоа толку полно со вистински бои и вредности, вистински ликови и настани.
Застрашувачки е блиску и вистинито како режисерот Ставрески низ колачот успеал да прикаже една наша социјална приказна, сите ликови се толку вистински што се чувствуваш како да си ги доживеал и сретнал. Главната приказна е толку болна што ти ја затреперува душата, црниот хумор те смее до солзи, а крајот те прави победник. Ти Благодарам Ѓорче – додаде Весна Цупиќ Андреска, која всушност е школски пријател на режисерот.
А кој е режисерот, кој е Ставрески?
Ѓорче Ставрески е роден во Скопје. Дипломира на отсекот за филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Тој е наградуван филмски и ТВ професионалец кој има направено играни филмови, документарци и повеќе од 100 рекламни спотови во кои се појавува како режисер, продуцент и сценарист. Неговите филмови се прикажувани на бројни светски престижни фестивали на кои освојува меѓународни награди. Добитник е и на значајната награда „13-ти ноември” за математика и наука. – стои на официјалната веб страна на ,,Исцелител”.
Главните улоги во филмот ,,Исцелител” ги толкуваат Благој Веселино и Атанас Тановски, а останатите улоги Диме Илиев, Александар Микиќ, Игор Ангелов, Аксел Меџмет, Симона Димковска и др. Автори на музиката се Гоце Јовановски, Бранислав Николови и Пеце Трајковски-Брада. Како директор на фотографија е потпишан Дејан Димески а како монтажер Мартин Иванов. Филмот е во продукциската куќа на Фрагмент филм од Скопје.