Во Македонија христијанството почнало да се воведува уште во времето на светите апостоли. Првиот од апостолите бил Апостол Павле кој благовеснички патувал секаде и организирал христијански општини. Според книгата ,,Дела на Светите апостоли” – Кога апостол Павле бил во Троада, му се јавил на сон, еден македонец, кој молел за помош и го викнал да ја посeти и Македонија. Патувањето започнало во 51 година и траело до 54, каде во меѓувреме тој освен Македонија , посетил и грчки градови, каде што исто така биле основани христијански црковни општини. Но да не влегуваме во детали кои сме и што сме како луѓе, целта на оваа рубрика ми е одбилиску да ги запознаеме црквите во Македонија и САД. Долго се двоумев кој христијански објект да биде прв, но нема ред затоа што сите се значајни за нас. Се одлучив за еден Манастир кој за мене пред 7-8 години беше откритие, бидејќи не бев слушнала за него ни за таков празник. Сигурно и за многумина од Вас ќе биде откритие, и после приказната ќе добиете желба и Вие да го посетите кога ќе имате прилика.
Станува збор за Манастирот ,,Сите Светии” или народски кажано,,Си Свети”. Манастирот е на 25 километри од Охрид, помеѓу магистралниот пат Охрид-Кичево поточно на самиот почеток на селото Лешани, Охрид. Посветен е на сите светци и овај манастир е само еден во Македонија кој е причина плус зошто ја започнав рубриката Македонски Цркви.
Манастирот ,,Си Свети” бил изграден 1452 година на темели на постара црква од IX век, а поголемата која е веднаш до нејзе е со понова градба од 1911г. на темели на црква од XII век. Старата црквата е градена од кршен камен и бигор.Во внатрешноста е сочуван скоро целиот живопис, кој го има изведено непознат автор, од кој посебно се идвојуваат фигурите на Светите Тројца во сводот. Прво е Приготвениот Престол околу кој лебдат серафими и трони, вториот е старецот на деновите кој е опкржен со серафими, ангели и тетрапорфи, а над олтарниот простор е насликан Исус Христос од Вознесението.
Големата или поновата црква иако била изградена 1911, била преосветена после 100 години, односно во 2011г.
Кога ќе влезете во манастирскиот двор, ќе ве пречекаат отец Вартоломеј и неговата мајка, баба Илинка. Со радост и топлина ќе ве примат во манастирот, ќе ве послужат со кафе и локум, а Вие можете да се помолите и да го најдете вашиот мир. Може да уживате во погледот од самиот двор, каде се простираат благородни полиња на пченка и жито.
Самиот манастир изобилува со богата фрескоживопис и чудотворна икона со Сите Светци. На 22 декември 2004 година, на празникот Свети Ана, во манастирот снемало струја во ноќните часови. Отецот Вртоломеј станал да земе свеќа да го осветли монашкиот конак, а пак, баба Илинка погледнала низ прозорецот да види дали останатите куќи во соседните села имаат струја.
По неполна година од оваа случка, на влезната врата од манастирскиот комплекс се појавил неракотворен лик на Пресвета Богородица, а под нејзиниот лик раката на Господ Исус Христус, кој ги благословува сите верници кој влегуваат во тој свет храм. Оттогаш почнало да се гради нова црква во истиот комплекс посветен на Покров на Пресвета Богородица. Црквата ден денес се гради со средства од верниците и секој добронаменерн верник може да донира финансиски или материјално. Исто така минатата година на денот на славата Сите Светии бил осветен камен темелникот на новиот конак во манастирот.
Годинава Празникот Сите Светии се празнува на 23 Јуни, датумот го менува, денот не, секогаш е во недела, неделата после празникот Духовден. Секоја година се собираат луѓе од сите краеви на Македонија, сите се молат за здравје и среќа, а жителите на Лешани имаат гости преку целиот ден, бидејки им е селска слава.

