Македонските забави во Чикаго се вистинско уживање и забавување за сите присутни. Екипата на Macedonian Social присуствуваше на журката во македонскиот ресторант Скадарлија во околината на Чикаго, каде присутните ги забавуваа Ристе Тевдоски, Крис Бајмаковиќ, Антонио Тасевски и Владо Пупиноски на саксофон.
Се пееја забавни и народни македонски песни, а расположението беше на високо ниво. Убавата атмосфера ја забалежа токму и нашиот објектив.
На прашањето како самите изведувачи си поминаа, тие ќе кажат
– Забавата беше одлична, се надевам дека и нашата публика и слушатели исто така беа задоволни и се надевам на наредните забави ќе пробаме да ги исполниме сите вкусови – изјави Владо
– Јас си поминав прекрасно, чувството е неописливо кога станува збор за македонска забава. Собрани сите на куп и сите во еден глас ги пееме заедно нашите песни. – рече Антонио
– Навистина е убаво да се биде опркужен со наши луѓе, во наше место, чувствувајќи се ако дома, а сепак толку далеку од неа. – изјaви Ристе
Ова трио настапува на најголемиот број македонски забави во Чикаго, но и низ цела Америка. Еден од првите кој што започнал да организира и настапува е токму Владо Пупиноски , кој на прашањето од кога започнале да се организираат вавкви забави ќе рече:
– Уште од самото формирање на МАKO Центарот (MACE Center) во Февруари 2010 година, мојата идеја и желба беше паралелно да се негува македонската забавна и народна музика, со тоа што ќе се одржуваат забави на кои во живо ќе бидат изведувани тие песни, а кои не се доволно исполнувани во македонската дијаспора, почнувајќи од хитовите на Тоше Проески, Леб и Сол, Каролина, Калиопи, Дарио, Меморија, Нокаут, Наум Петрески, Гоце Арнаудов, Виолета Томоска и уште многу други изведувачи и уметници. Првата таква забава ја организиравме во 2013 и од тогаш до сега се организирани преку 10-тина такви забави. А се надеваме на многу повеќе во иднина.
На прашањето кои македонски песни им ги бара публиката тие ќе речат:
Антонио: Сите песни ми имаат некое значење, но најдраги ми се песните на Тоше и Нокаут бидејќи имаат некоја силна емоција што допира до мене.
Владо: Па искрено мојата желба и идеја е да бидат застапени сите видови и жанрови на музика, но мене лично фанкот ми е слаба точка.
Ристе: Мене лично сите македонски песни ми се убави и мерак ми е да ги пеам, биле тоа забавни или народни.