Сите знаеме како е чувството кога сме настинати: болка во синусите, чешање во грлото, кивање и тежина во целото тело. Само што сте на стартот на настинката, а вие веднаш почнувате да се проколнувате зошто не сте ги измиле вашите раце по ракувањето со вашиот колега кој штотуку кивнал, или пак ги броите ноќите што не сте спиеле доволно.
Никој не сака да му се случи ова чувство, затоа имунолошкиот систем треба да го оддржувате во форма на против инфекција, а тајната воопшто не е комплицирана: ,,Ако се грижиш за сопственото тело, имунолошкиот ситем ќе се погрижи самиот за себе” – вели Д-р Тимоти Маинарди алерголог и имунолог.
Имунитетот е способност на организмот да ги препознае туѓите тела кои го загрозуваат и да се заштити од нив. Под туѓи тела кои штетно делуваат на нашиот организам ги вбројуваме разните бактерии, вируси и паразити. Имунолошкиот состав има улога да ги препознае, неутрализира, уништи и отстрани истите во процес кој се вика имунолошка реакција. Имунитетот функционира како механизам чија улога е воспоставување на бариера кон напаѓачите на организмот. Може да биде вроден или стекнат, активен или пасивен. Претставува еден вид интеракција помеѓу нас и нашата околина.
Секојдневното информирање и читање за здрави навики, кои може да ги практикувате во вашата дневна рутина, можат да ги намалат болните денови, и го оддржат вашиот имунолошки систем појак и спремен против било кој вирус. Затоа ние сме овде да ви посочиме кон неколку здрави навики кои мислиме дека ќе ви бидат и тоа како од помош во оваа сезона на вируси и настинки.
Јадете зеленчук и овошје
,,Најважниот начин да го оддржите вашиот имунитет да функционира нормално е “старо школо” начин кој ретко зборува за него: исхрана и вежбање” – вели Др. Маиндарди. “Да се има разновидна исхрана, е тешко и го разбирам тоа, но дефинитивно вреди да се испроба и вашиот обид ќе ве држи поздрави на подолг рок. Храната богата со овошје, зеленчук, интегрални житарици и протеини ќе го брани вашето тело против бактерии. Повеќе за исхраната и здравите навики прочитатјте во статијата на Зорана.
Спијте доволно
Кога се осеќате преплавени со вашата бескрајна “листа на задачи”, може да биде примамливо да скратите од спиењето за да постигнете се’. Но, доколку се почесто го скратувате времето за спиење, може да прерасне во озбилна последица за вашето здравје. Постои асоцијација со недостаток на сок и боледување – објаснува тој. Медицинските сестри и хирурзите кои работат по 100 часови неделно, се изложени на многу поголем ризик за заразни болести и стравување на реактивирање на некоја болест од минатото.
Вежбајте редовно
Вежбањето е она што го одржува нашето тело стабилно. ,,Колку и да звучи досадно, редовното вежбање и здравата исхрана се најважните фактори за вашиот имунитет”. – вели Др. Маинарди. Докажано е дека луѓето кои поголемиот дел од денот го поминуваат во седечка состојба, имаат поголема веројатност да настинат или да заболат од некои посериозни болести. Најдете партнер за вежбање, или пак запишете се на некој од групните часови кој се достапни во теретаните околу вас, а наш совет е да пробате да вежбате во природа со инструктор Зорана (повеќе инфо можете да прочитате во претходното издание на Macedonian Social).
Мијте ги рацете со вода и сапун
Миењето на рацете е извонредно добар начин да си помогнете да ја избегнете настинката, но исто така е и појава која не толку често ја пракатикуваме. Обичен сапун и вода е навистина она што ви треба.
Користете дезинфекција за раце
Доколку сте излезени, и не сте во можност да ги измиете вашите раце со сапун, друга опција е дезинфекција на рацете со џебен распрскувач. Може да се набави во секаква големина, и е замена за вода и сапун.
Конзумирајте пробиотик
Бактериите во цревата можат да влијаат на способноста на вашето тело да избегне инфекција. Затоа докторите предлагаат да се јаде храна со живи и активни култури. Пробиотиците може да ве заштитат од одредени воспалителни состојби. На пример ферментираната храна и пијалоци како што се камбуча и кимчи, можат да понудат дополнителни придобивки во однос на редовната храна.
Бидете скептични за додатоците кои тврдат дека го зајакнуваат имунолошкиот
систем
Големи количини на хранливи материи, што ни требаат во организмот, можеме да ги добиеме од храната што ја јадеме која е препорачано да е свежа и што помалку обработувана. Бидејки со самото пржење или варење на храната избледуваат и потребните витамини. Витамините можат да се скапи, но доколку одлучите дека суплементите се задрави за вас, ве советуваме да ја земете препорачаната доза. Бидете внимателни со индивидуалните додатоци на витамини А, Д, Е и К што можат да бидат опасни за луѓето ако се земат во поголеми дози. Затоа внимателно! Во сезона на грип и вируси, неколку типови на храна можат да ви помогнат во тоа да и се спротивставите на болеста и да го одржите имунитетот на високо ниво.