Oxy третман за лице – Холивудски сјај на лицето
Стареењето започнува со недостаток на кислород. Тој не само што лечи туку и подмладува. Кислородот кој го дишеме од воздухот, го оддржува нашето тело и помага на кожата да биде чиста. Но во големите градови загадувањето, движењето во затворени и непроветрени простории, како и пушењето и стареењето, допринесуваат до паѓање на нивото на кислород на кожата што доведува до појава на брчки.
Зошто Oxy третманот е корисен?
-Помага за детоксикација на кожата
-Го забрзува развојот на новите клетки, со тоа што побрзо зарастува кожата со лузни кои се последица на акни и флеки.
– Произведува колаген, внесувањето на кислород и серуми на кожата допринесува до прозвод на колаген кој дава волумен и цврстина на кожата која ја изгубила еластичноста.
– Кислородот и серумот се благи и погодни за луѓе со осетлива кожа и за оние кои не се љубители на хемиските третмани. Овој третман е многу поволен за сите трудници.
– После самиот третман нема пецкање на кожата, ниту пак црвенило. Доколку имате потреба од шминка, слободно може да биде нанесена веднаш по третманот.
Oxу третманот е наменет за сите видови на кожа, особено за уморна, дехидрирана и кожа под стрес. Помага и ги ублажува подочниците, дејствува при неизедначен тен и пигментации, како и намалува длабоки и изразени брчки и линии.
Третманот започнува со пилинг на кожата, со кој се отстрануваат мртвите површински клетки. После тоа следува хидратација со серум и маска. Кожата кога е во оваа фаза на самиот третман се храни, омекнува и одмара. Следен чекор е кислородот. Со уредот со кислород се поминува лицето 2-3 пати. Третманот трае 30-60 минути и за забележливи и убави резултати се препорачува да се повтори тертманот 1-3 пати во рок на 15-30 дена.
Бенефиции од Oxу
-Сјај и хидратација на кожата
– Намалување на брчки, црти и избелување на флеки.
– Добро тонирана кожа
– Подобрување на кожата која што е многу изложена на сонце
– Подмладување и освежување на кожата
Летен изглед
Популарно со овој освежувачки третман за ова лето оди и минимална шминка за вечерните излегувања. Ние препорачуваме користење на следните производи за што по блескав изглед
– Бронзер
– Контура
– Хајлајтер
– Илуминатори за лице и тело
Leave a Reply
Want to join the discussion?Feel free to contribute!