Патот до успехот со Алекс Имброњев

Во овој број на Macedonian Social, наш соговорник е Алекс Имброњев. Успешен во она што го прави, тој за себе ќе каже дека верува во образование, правилно избран пат до целта и успехот е неизбежен. Фамилијарен човек, сопруг и татко на 4 деца, тој е најбараниот човек во околината на Чикаго и пошироко од Јануари до Април, кога е сезоната на правење на такси. Го запрашавме како стигнал до она што е денес и каква е неговата приказна и патот до успехот. 

MS  Алекс, каков е твојот пат за да живееш и работиш во Америка? 

Алекс: Јас сум роден во Нови Сад, Србија. Кога бев 3 месечно бебе, тогаш татко ми дојде сам во Америка на туристичка виза. Јас со мајка ми и сестра ми заминавме во Македонија. Во следните 2 ипол години јас пораснав без татко ми, кој остана во Америка и правеше буквално се за и ние да дојдеме овде. Во процесот кој траеше повеќе од две ипол години, татко ми успеа да добие зелена карта и така ние заедно со мајка ми и сестра ми дојдовме кај него во 1970 година. Јас бев многу мал, имав само 3 години. Сега работите ми се појасни, гледам зошто луѓето мигрираат во САД  и сакаат да останат овде. Мојот пат до Америка и успехот кој го доживеав ми е мотивација да помагам колку што можам на сите оние кои им е потребна помош.

MS Многумина ќе речат дека е лесно во Америка. Кој е твојот став во врска со тоа?

Алекс: Јас сум од оние кои ќе кажат дека е лесно овде. Го кажувам тоа затоа што мојот пат како дете до тука беше лесен, за разлика од некој кој страдал и имал неволји. Тешки се почетоците без разлика каде си, но јас гледам разлика од овде и Македонија кога станува збор за можностите кои Америка има да ги понуди, така што дефинтивно е полесно овде. Има многу можности, едноставно нема граници за успех ако сакаш да работиш и одиш напред. За разлика од тука, во Македонија е многу потешко.

MS Работиш како сметководител и консултатнт. Имаш своја фирма. Како стигна до тоа што си денес?

Алекс: Почнав да работам со татко ми на мои 10 години. Тој беше столар. Ја имав мојата официјална работа на бензинска која имав 15 години. Јас верувам во моќта на образованието. Низ годините, како растев, јас секогаш истовремено одев на училиште и работев. Додека бев на колеџ, зедов некои задолжителни курсеви по сметководство кои ми ги отворија хоризонтите и интересите во областа на финасии и такси. Пред многу години започнав сам да си ги правам таксите, за свој бенефит и интерес.Така полека, почнав да ги правам таксите на членовите на мојата фамилија и пријатели. Наеднаш ми се насобра многу работа и немав друга опција освен да отворам фирма и почнам да си наплаќам за услугите. Официјално, јас правам такси од 1995 година. Имам голем интерес да работам со бројки и се што се однесува на пари. Имам диплома од областа на бизнис од  Elmhurst College и мастер студии во областа на човечки ресурси од Келер. Нон-стоп се надоградувам, одам на разни курсеви за подготовка на такси. Трошам околу 2 недели на едукација и на се што е поврзано со она што го работам. 

MS Што е потребно за да може да се работи она што ти го правиш?

Алекс: Треба да се биде одобрен од ИРС кои имаат одредени критериуми кои мораш да ги задоволиш за да можеш да поченш. Кога ќе бидеш одобрен, ти стануваш регистриран и можеш да почнеш да правиш такси. Но, мораш годишно да се надоградувш, учиш и следиш стандардите за да останеш регистриран. Да имаш диплома од колеџ е голем плус. Да знаеш добро да работиш со различни луѓе и бројки е исто така од корист. 

MS Ти си фамилијарен човек. Кажи ми кој е твојот совет до твоите деца за тоа како да успеат во животот?

Алекс: Имам 4 деца и секој од нив има свој карактер, навики и дарба. Важно е да се знае дека секое дете е различно. Врз основа на тоа, убаво е кога позитивните и негативните работи ќе се насочат кон вистинскиот правец. Јас сум родител кој сака неговите деца да го прават тоа што сакаат да го прават, а не она што мора да го прават. За да се успее во тоа, едукацијата е многу важна. Мора да се има една рутина во животот која ќе дозволи да се успева и оди напред во животот. 

MS Кога е сезоната на правење такси, тогаш си најзафатен. Сподели со нас неколку совети за тоа на што да се внимава кога се прават?

Алекс: Ако имаш покомплициран процес за враќање на такси, или си само вработен, мојот совет е да се планира пред време. Под планирање мислам во текот на целата година, не само кога е период на правење такси. Сезоната на такси трае од Јануари до Април, но тоа не е најдобро време за да почне да се планира нешто. Имам многу малку време за да бидам во контакт со толку многу луѓе, така што многу сум ограничен. Ако имаш едноставен процес, на пример W2 форма, тука нема многу што да се планира, но ако е покомплицирано, советувам добар план во текот на целата година.

MS Кои се најчесто поставувани прашања кога македонците прават такси? 

Алекс: Одговорот е едноставен. Како можам да платам помалку такси?

MS Кој е Алекс приватно? Што сакаш да правиш во слободно време?

Алекс: Сакам да уживам во добра храна и пијалок со најблиските затоа што храната е таа која што спојува. Посветувам многу време на моите деца и нивните спортски активности и моментално мојот најстар син е во Полска играјќи фудбал. Сакам да патувам и доживувам нови искуства, сакам искрено тоа да е многу повеќе. Го трошам слободното време исто на пловење и возење мотор.

MS Што според тебе е тајната на успехот?

Алекс: 1. Не живеј само за денес. 2. Третирај ги останатите онака како што сакаш ти да бидеш третиран. 3. Секогаш имај план Б.

MS Твој совет до сите читатели на Macedonian Social? 

Алекс: Имај план за животот. Важно е да имаш план како да стигнеш до посакуваната дестинација на успехот, но никогаш не заборавај од каде си почнал. 

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *