Најава за македонската црковна конвенција во Бафало, Њујорк
Еден од најголемите собири на кои можат да се видат голем број на наши иселеници е Македонската Конвенција, која секоја година освојува по својата уникатност, оригиналност и затоа од година до година се рушат рекорди на посетеност. Со содржините кои се опфатени на овие собири се покажува богатата традиција, култура и спортски дух на нашите иселеници во Америка и Канада. Традиционално, овие собири се оддржуваат во првата недела од месец Септември и траат три дена, најчесто тоа е петок, сабота и недела. Првиот собир на американско-канадската епархија е оддржан во 1975 година во Торонто, Канада. Оваа година, конвенцијата ќе се оддржува од 30-ти Август до 1-ви Септември, а град домаќин е Бафало, Њујорк .
Годинава е јубилејна, ќе се прослават 45 години од првата одржана конвенција. На овој македонски црковен собир, има најава дека ќе присуствуваат македонци од сите делови на Америка и Канада, чии патишта ќе се вкрстат во МПЦ ,,Св. Кирил и Методиј” во Бафало, Њујорк. Одржувањето на конвенциите е со цел да се негува и шири македонската култура, традиција, музика и храна.
Што е тоа конвенција, или како што некои ја нарекуваат конвокација?
Да разјасниме дека и двата збора имаат слично значење, само потеклото на зборот е различно. Зборот конвокација е од религиозно потекло, а конвенција потекнува всушност од собирите на Македонската Дијаспора во МПО (македонска патриотска организација). Така црковните собири го добиваат името Македонски Конвенции организирани од Американско-Канадската епархија при МПЦ.
Минатата година собирот се одржа во црквата ,,Св. Кирил и Методиј” во Чикаго, кои се покажаа како одлични домаќини, за чија организација имаше само пофални зборови и голема посетеност. Од минатата година пехарот се предаде во рацете на овогодинешниот домаќин, ,,Св. Кирил и Методиј” од Бафало, Њујорк каде подготовките течат во полна пареа.
Еве ја програмата предвидена на конвенцијата
Петок, 30-ти Август 2019
Пристигнување на гостите
7:00 pm- Младинска игранка во црковната сала при МПЦ ,,Св. Кирил и Методиј”
Сабота, 31-ви Август 2019
8:00 am- Турнир во фудбал- Sahlen’s Sports Park, Elma, NY
9:00 am- Седница на Епархиското Собрание во црковната сала при МПЦ ,,Св. Кирил и Методиј”
06:00 pm- Вечерна богослужба, МПЦ ,,Св. Кирил и Методиј”
07:00 pm- Смотра на играорните групи во црковнта сала на ,,Св. Кирил и Методиј”
09:00 pm- Младинска игранка, ,,Св. Кирил и Методиј”
Недела, 1-ви Септември 2019
09:00 am- Свети Архиерејска Литургија, МПЦ ,,Св. Кирил и Методиј”
09:00 am- Турнир во фудбал, Sahlen’s Sports Park, Elma, NY
06:00 pm- Гала банкет и церемонија на доделување награди, Lucarelli’s Banquet Center, Lackawanna, NY
08:00 pm- Младинска игранка во црковната сала на ,,Св. Кирил и Методиј”
За повеќе информации посете ја и ФБ страната @ Macedonian Convention Bufallo 2019
Овие собири се место каде нашите се дружат, запознаваат, разменуваат мислења, контакти, играат и имаат убаво поминате време за кое се раскажува, нормално до следната средба или конвенција. А каде ќе се оддржува црковниот собир следната година ќе се објави ве текот на овогодинашниот собир. Наш совет е да побрзате и резервирате хотел, авионска карта и сите правци нека водат кон центарот на случувањата на сите македонци во Америка и Канада, а тоа е во Бафало, Њујорк.
Leave a Reply
Want to join the discussion?Feel free to contribute!