Првата Македонска продавница во Чикаго, се на едно место
- Македонско, од светски размери, а сепак домашно и топло. Токму така изгледа првата македонска продавница Lemont Valley Market отворена во околината на Чикаго. Конечно, она што недостасуваше овде, место кое потсеќа на дома, урбано, совршено катче за сите ваши желби. На 15000 до 20000 македонска популација ( бројка издадена од Македонскиот Конзулат во Чикаго) оваа продавница е полн погодок, локација во која има производи за сечиј вкус.
- Lemont Valley Market, лоциран во строгиот центар на населбата ЛеМонт е отворен на 17 Април 2019, со цел да се задоволат желбите и вкусовите на потрошувачите не само од Македонија, туку од Балканот и од Европа. Самата локација на продавницата потсеќа на онаа крај кејот на реката Вардар, но во овој случај не Вардар туку реката Дес Плеинс. Оваа продавница ги задоволува потребите од најмало до најголемо, со широкиот асортиман на македонски производи од најпознатите брендови во Македонија.
Она што е карактеристично и неопходно за секоја македонска трпеза е ајварот, а овде може да го најдете во големи количини, исто како и пинџурот и лутеницата која никого не остава рамнодушен по уникатниот пикантен вкус. Во овој маркет може да ги најдете брендовите на Mama’s, Brajans, VAVA, Perustija и Bash Ajvar. Интересна информација е што Mama’s ајварот е прозведен по Кошер и Халал стандардите кои се без конзерванси и адитиви и во денешно време многу значат, посебно за оние кои внимаваат на традицијата и што внесуваат во организмот.
Сите оние кои се љубители на туршија или зимница од веќе споменатите брендови овде можат да се снабдат со кисели краставички, руски салати, црвена пиперка или пак кисела зелка за сарма. Повеќе не мора да чекате зима за да направите сарма, овде ја има 365 дена.
Производи како тетовско гравче и брашно, кочански ориз, масло за јадење од најпознатата фабрика во Македонија Брилијант се само дел од големиот асортиман на производи кои ги има на рафтовите во оваа продавница. Екслузивно за читателите на Macedonian Social откриваме дека наскоро доаѓа нов бренд на кочански ориз кој ќе е во нивна сопственост.
,,Зависниците” од благо можат да ги набават најубавите чоколади, Ресана од Агроплод Ресен, Витаминка производите, Стоби Флипс Смоки, Европа Скопје крем бананки како и најпознатите наполитанки Veneto. Најново во продавницата е прозводството на најпознатите свежо направени домашни македонски слатки, колачи, еклери, индијанки и тулумби.
Кога сме кај домашно направената храна во самата продавница можете да појадувате од највкусниот бурек со сирење, месо или спанаќ, а наскоро го најавуваат и пица-бурекот кој е доста популарен. Овде се сите видови на банички и бели пецива, чоколадни кроасани или пак панини сендвичите кој потсеќаат на средношколските денови. Бурекот може да го набавите и во замрзната форма.
Освен слатки задоволства, во Lemont Valley Market може да најдете и секаков вид на македонски сирења, млечни и сувомесни призводи. Од козметика, неизбежно е да ги споменеме и производите за бебе и нега на лице, Бекутан.
Leave a Reply
Want to join the discussion?Feel free to contribute!