Бeнефитите од редовната физичка активност
Сите знаеме дека вежбањето е добро за нас, но дали знаете на кој начин е добро и зошто?
Од подобрување на расположението па се до видливи резултати на вашето тело, дознајте како со мала промена може да си го подобрите вашиот живот и здравје.
- Го подобрува расположението и менталното здравје
Регуларната активност има многу физички и емоционални бенефиции.
Во телото се ослободува хормонот на среќа серотонин, кој не прави да бидеме весели, позадоволни и посамоуверени. Со тек на време, таа среќа ни е и мотивација за да помогне во исполнување на поставените цели и предизвици. - Ја контролира килажата
Доколку за цел имате да ја намалите килажата, голема улога и значење има истрајноста. Само така, со редовна активност можете да согорите калории кои треба да се повеќе од калориите кои сте ги внеле во организмот преку оброци, за да бидете во дефицит кој ќе резултира со намалување на телесната тежина.
Ако пак ги намалите калориите кои ги внесувате за да ослабнете, без притоа да вежбате, тоа би довело до намалување на мускулна маса. Кога калориите се намалени, телото бара друг извор на енергија, и за да не дојде до намалување на мускулната маса и протеинот, потребно е да имате и план на вежби. - Го подобрува сонот
Грижата за себе и постојаната активност прави да се чуствувате убаво преку целиот ден како и за време на ноќта.
Физичката активност наложува да трошиме повеќе енергија што не прави по заморни па ни треба поголем одмор на крајот од денот. Така покрај квалитетот, на овој начин се зголемува и времетраењето на мирниот сон со што доаѓаме до следниот бенефит, а тоа е победа на несоницата. - Вежбањето не ослободува од стрес и помага во борбата со депесијата и анксиозноста
Брзото темпо на живот и секојдневните обврски и проблеми, немањето доволно време за се да се постигне, претставува своевиден стрес за организмот. Негативната енергија најлесно се исфрла преку физичка активност.
Стресот е проблем на многумина кој што резултира со нарушен сон.
Јогата, како вид на тренинг работи на сите аспекти, здраво тело, здрав ум и дух и е практично решение за секојдневните проблеми. Со практикување на истата, ја подобруваме еластичноста на мускулите и зглобовите, го смируваме нервниот систем, го намалуваме крвниот притисок и доаѓаме во состојба на релаксација.
Кога сме анксиозни или се чувствуваме депресивни, последно нешто што сакаме да правиме, е да вежбаме. Докажано е дека токму вежбањето има голема улога за доброто расположение. ,,Менаџери’’ на нашето расположение, задоволство и среќа се ендрофинот, допамин и сератонин. Со само 30 минути вежбање, концентрацијата на хормони за среќа се зголемува 5 до 7 пати. - Ги намалува шансите за здобивање со хронични заболувања- болести
Недостатокот на активност е причина на хроничните болести. Вежбите помагаат при подобрување на сензитивноста на инсулин, крвниот притисок, па така се намалуваат шансите за здобивање болести како на пример дијабетес. - Одлично е за мускулите и коските
Бенефиции ќе ги забележите и во држењето и ставот на телото, зголемената мускулна маса допомага до стабилизација на целото тело. Физичката активност која вклучува тежини стимулира градење, зголемување на мускулите и е битна во градење на коскената густина која спречува повреди и појава на остеопороза во подоцните години. Така ни се намалува холестеролот, крвниот притисок допринесува до здраво срце и крвни садови, јаки коски, како и подобрено варење на храната. - Допринесува до одлуката да се откажете од лошите навики
Сите сме свесни дека пушењето цигари и конзумирањето алкохол се штетни за здравјето, но откажувањето е особено тешко! Докажано е дека вежбањето има позитивен ефект и при донесување на ваква одлука и откажување од тутунот. Доколку вежбате редовно, поголеми се шансите да полека почнете да водите сметка што внесувате преку вашите оброци, и дали се тие со голема нутриционистичка вредност да ги задоволи потребите на мускулите и телото, со самото тоа што ќе имате поубав сон големи се шансите вашиот ден да е по организиран и да го започнете денот рано наутро. А се е полесно со пријател.
Запомнете, лошите навики се или од стрес или од досада.
Бидете во круг на луѓе кои живеат живот кои вие го посакувате, направете план и водете евиденција на вашиот напредок. - Вежбањето е забавно и може да биде и со социјален аспект
Многу од причините поради кои постои недостаток на активност кај популацијата, можат да се надминат кога би гледале на вежбањето и од социјален аспект. Недостатокот на мотивација е најголем проблем кој полесно би се надминал доколку не сме сами. Со пријател, еден со друг се мотивирате, си помагате да ги постигнете вашите цели.
Кога вежбате во група, владее чувство на одговорност и према другите членови и шансите да пропуштите тренинг се многу по мали. Групниот тренинг покрај тоа што не учи да бидеме компетативни и ни дава мотивација, знае да биде и забавен и нуди нови пријателства.
Започнете полека, најдете начин да бидете што по физички активни во текот на денот.
Одберете ги скалите пред лифтот, паркирајте го автомобилот подалеку од вашата дестинација и чекорете, носете ги кесите со две раце наместо да ги пренесувате со количка.
Во топлите денови, самите исперете ја колата, доколку имате домашно милениче правете почести прошетки, а попладневното кафе на работа испијте го правејки мал круг околу работното место.
Добрата вест е дека никогаш не е доцна! И најмалата променена може да помогне на долг рок, бенефициите се огромни, здравствени, физички и ментални!
Во следниот број ќе читате за правилната исхрана, а дотогаш, доколку сте спремни за промена, сакате забава и ви треба мотивација, придружете ни се!
Вежбаме 3 пати неделно, попладне, во природа. Локација Hickory Hills.
За повеќе информации пратете емаил на zoetoneitup@gmail.com
Телефон 708-738-9222